Вучиќ: Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини во Србија

296

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека ќе се обидат да направат фабрика за вакцини во Србија.

Како што се наведува во неговата објава на Инстаграм, тоа би овозможило сами да произведуваат доволно вакцини за српското население.
– Грчевито се бориме, многу е тешко да се набават вакцини. Се надевам на добра вест следната недела. Светскиот поредок и односите меѓу земјите никогаш не се менувале како сега во време на корона. Затоа за нас е важно годинава да добиеме што повеќе вакцини, да бидеме вредни. Ќе се обидеме да направиме фабрика за вакцини за да можеме сами да произведеме доволно вакцини за нашето население – напиша Вучиќ.

Српскиот министер за иновации и технолошки развој, Ненад Поповиќ, вчера ги посети производствените капацитети на најголемиот руски производител на вакцини „Спутник V“. Tој рече дека почнале официјални разговори за производство на таа вакцина на територијата на Србија.

– Благодарение на претседателот Вучиќ, руската страна веднаш одговори на нашето барање руската вакцина ‘Спутник V’ да се произведува во Србија, а од највисокото ниво во рускиот државен врв беше наредено да се најде начин да се воспостави производство на оваа вакцина во Србија што е можно поскоро – рече Поповиќ.