Вучиќ: Пристигнаа уште 10.000 вакцини во Србија

62

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека утрово во Србија пристигнале уште 10.000 вакцини против коронавирус, додавајќи дека борбата за вакцините продолжува и дека светот денес е како Титаник, каде што „богатите се обидуваат да обезбедат чамци само за себе”.

– Сакам да ве известам дека примивме уште 10.000 нови вакцини утрово – рече Вучиќ во видеообјавата на својот инстаграм-профил.

Тој изјави дека борбата за секоја вакцина продолжува, со многу состаноци и тешки разговори.

– Ние сме жилав народ, ќе се бориме за опстанок, ќе се бориме за животот на Србија и ќе успееме во тоа. Ќе успееме и ќе победиме заедно – изјави Вучиќ.

Претседателот на Србија не прецизираше за кои вакцини станува збор, ниту од каде се набавени.