Вратите за македонските туристи во Грција отворени од 15 јуни

440

Грција од 15 јуни ќе ги отвори своите врати за туристи од 29 земји, објави денеска министерот за туризам, Хари Теохарис.

На списокот на земји се Германија, Хрватска, Данска, Норвешка, Кипар, Израел, Швајцарија, Јапонија, Малта, Бугарија, Кина, Австралија, Нов Зеланд, Северна Македонија, Албанија, Естонија, Латвија, Литванија, Либан, Унгарија, Јужна Кореја, Србија, Црна Гора, Романија, Словенија, Словачка, Чешка и Финска.

Посетителите ќе бидат тестирани за коронавирусот по случаен избор, рече министерот за туризам, а владата ќе го следи ширењето на вирусот. Списокот на земји ќе биде ажуриран во пресрет на јули, додаде Теохарис.

Земјата, која излезе од долготрајната криза со долгови кон крајот на 2018 година, во процесот на економско закрепнување во голема мера се потпира на туризмот, кој учествува со 20 проценти од БДП.

Националниот карантин, воведен во март, помогна Грција да го задржи бројот на инфицирани од ковид-19 под 3.000, што е релативно мал број во однос на другите членки на ЕУ. Но, карантинот ги загрози деловните активности и туризмот.

Грција ја посетуваат околу 33 милиони туристи годишно, што на земјата и носи заработка од 19 милијарди евра.