Во Црна Гора веќе нема заразени од ковид-19

123

Во Црна Гора воопшто нема пациенти заразени со новиот коронавирус, по 68 дена од првиот регистриран случај, објави денеска Институтот за јавно здравје на земјата.

Во последните 24 часа биле тестирани 140 лица, пренесе порталот „Вјести“.

Како што се наведува, од избувнувањето на епидемијата во Црна Гора се разболеле вкупно 324 лица, од кои 315 закрепнале, а деветмина починале.