Во Хрватска 69 нови случаи на коронавирус

55

Во изминатите 24 часа се евидентирани 69 нови случаи на инфекција со коронавирус, со што бројот на активни случаи е 897, соопшти Националниот штаб за цивилна заштита.

До денеска тестирани се вкупно 85.997 лица, од кои 587 во последните 24 часа. Меѓу заболените 90 пациенти се во болница, од кои петмина се на респиратор. Нема смртни случаи, се вели во соопштението.

Од 25 февруари, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 3.220 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 113 починале, а 2.210 закрепнале. Во моментов има 4.850 лица во самоизолација.