Во Хрватска 316 новозаразени со коронавирус, 68 починати

25

Во последните 24 часа во Хрватска се пријавени 68 смртни случаи и 316 новозаразени со коронавирусот.

Бројот на активни случаи во Хрватска сега е 8.036, 2.720 пациенти се во болница, од кои 256 се приклучени на апарати за дишење.

Од почетокот на епидемијата во Хрватска се регистрирани 205.246 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 3.739 починале.
Вкупно се оздравеле 193.471 лице, од кои 2.245 во последните 24 часа.

Во моментов има 30.780 лица во самоизолација. До денес се тестирани вкупно 996.935 лица, од кои 2.642 во последните 24 часа, објави Националниот штаб за цивилна заштита.

Податоците на веб-страницата на „Ворлдометерс“ покажуваат дека денешниот број на пациенти е најмал од 12 октомври.