Во Србија 5.809 нови случаи на коронавирус, 58 лица починаа

46

Според последните податоци, во Србија се потврдени 5.809 позитивни случаи на коронавирус, од 14.486 тестирани, а починале 58 лица.

Српските медиуми јавуваат дека 278 пациенти се на респиратор.

Поради лошата епидемиолошка состојба во Србија, трговските центри, продавниците за облека, обложувалниците, игротеките, фризерските салони и салоните за убавина се затворени цел викенд.


Во Словенија 1.030 нови случаи на коронавирус и 44 починати

Во последните 24 часа во Словенија се потврдени 1.030 нови случаи на коронавирус од 3.744 тестови, а 44 лица починаа, објави словенечката влада. Оздравеле 51 пациент.

Бројот на новозаразени е помал од претходниот ден кога имаше 1.636.

Во моментов, хоспитализирани се 1.302 пациенти, од кои 197 се на одделенијата за интензивна нега.

Бројот на потврдени случаи од почетокот на епидемијата се зголеми на 85.805, од кои 20.481 случаи се активни.

Владата објави дека ограничувачките мерки, кои веќе се на сила, ќе продолжат и следната недела, но има голем притисок да се започне со нивно олеснување, на пример да се укинат некои ограничувања на продавниците, да се отворат скијачките центри и некои услужни активности.


Во Хрватска 2.899 нови случаи на коронавирус, 72 лица починаа

Во последните 24 часа во Хрватска се потврдени 2.899 нови случаи на коронавирус, починаа 72 лица, а бројот на активни случаи е 23.740, објавија хрватските медиуми.

Меѓу нив, 2.543 се во болница, од кои 264 се на апарати за дишење.

Од 25 февруари 2020 година, кога е регистриран првиот случај во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 150.353 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 2.174 починале, вкупно 124.439 оздравеле, од кои 3.582 во последните 24 часа.

Во моментов има 57.295 лица во самоизолација.

До денес се тестирани вкупно 810.885 лица, од кои 9.340 во последните 24 часа.