Во Србија 272 новозаразени

99

Во текот на последните 24 часа во Србија се регистрирани 272 нови случаи на коронавирус, а починаа четири лица.

Биле направени 8.626 тестирања, а во моментов има 73 пациенти на респиратори, пренесуваат српските медиуми повикувајќи се на информации од тамошните здравствени власти.

Во меѓувреме, тенисерот Новак Ѓоковиќ најави дека ќе донира пет милиони динари, или нешто повеќе од 42.000 евра за Општата болница во Нови Пазар, откако ова место стана жариште на инфекцијата, со голем број активни случаи на ковид-19, пренесе „Блиц Спорт“.

Ѓоковиќ, кој и претходно учествувал во бројни хуманитарни акции, решил да го преземе овој чекор затоа што состојбата во Нови Пазар е драматична, а од вирусот се заразени и лекари.