Во Србија 1.966 нови случаи на коронавирус, починаа 37 лица

46

Во текот на последните 24 часа во Србија се регистрирани 1.966 случаи на коронавирус, а починаа 37 лица. Направени се 7.573 тестови.

Хоспитализирани се 7.631 лице, што е за 380 лица помалку од вчера.

Вкупно 343.870 случаи на коронавирус се регистрирани во Србија од почетокот на епидемијата, а починале 3.325 лица.

Епидемиологот, Предраг Кон,  рече дека Србија ќе обезбеди сѐ што е потребно за масовна имунизација.

– Излезот од оваа здравствена криза е јасен, брзината на излезот зависи од нас – рече д-р Кон.