Во Србија регистриран најмал број на новозаразени уште од јуни

140

Бројот на заразени со коронавирус во последните 24 часа во Србија е 100. Во тој период се извршени вкупно 7.352 тестирања.

Уште три лица починаа во Србија како резултат на инфекција со коронавирус.

Досега во Србија починаа 677 лица. Вкупниот број регистрирани случаи досега е 29.782, а тестирани се 811.920 лица.

На респиратор се наоѓаат 68 лица, а само 78 лица се хоспитализирани за 24 часа. Вкупно 1.612 лица се лекуваат во болници.

Ова е најмал број на новозаразени по 23 јуни, кога имало 102.


Во Хрватска, 85 новозаразени во изминатиот ден

Во изминатите 24 часа се регистрирани 85 нови случаи на инфекција со вирусот САРС-КоВ-2, а бројот на активни случаи во Хрватска денес е 1.236.

Меѓу нив, 126 пациенти се наоѓаат во болница, од кои 11 се на респиратор. Нема починати.

Од 25 февруари 2020 година, кога е забележан првиот случај на инфекција во Хрватска, досега се евидентирани вкупно 6.656 лица заразени со новиот коронавирус, од кои 166 починале, а 5.254 оздравеле.

Во моментов има 4516 лица во самоизолација.

До денес, тестирани се вкупно 138.647 лица, од кои 990 во последните 24 часа.