Во Србија потврдени 58 нови случаи на ковид-19

84

Во изминатите 24 часа, според податоците на Министерството за здравство, во Србија се потврдени 58 нови случаи на ковид-19 од вкупно тестирани 7.976, а едно лице починало.

Бројот на хоспитализирани лица е 398.

Досега, вкупниот број на случаи на ковид-19 е 32.136, а тестирани се 1.009.401 граѓани на Србија.

Од почетокот на пандемијата, во Србија починале 729 лица, а стапката на смртност е 2,27 проценти.