Во Србија повеќе од 1.800 новозаразени со коронавирус

71

Во последните 24 часа во Србија се тестирани 11.443 лица, од кои 1.839 биле позитивни на коронавирус, а 20 лица починале.

На апарати за дишење се приклучени 164 пациенти.

Во Србија се спроведува масовна вакцинација против Ковид-19. Само денес вакцинирани се 41.305 лица, а од почетокот на вакцинацијата 361.830 лица.

Србија е на трето место во Европа според бројот на вакцинирани на милион жители, по Велика Британија и Малта, изјави српската влада за „Танјуг“.

Во регионот, Србија е прва според бројот на вакцинирани на милион жители, по што следуваат Романија и Словенија.