Во Србија за еден ден: 11 починати, 309 лица позитивни

79

Од последниот извештај во Србија тестирани се примероци од 8.102 лица, од кои 309 се позитивни на коронавирус.

Единаесет лица починаа, а 81 е на респиратор.

Според денешните податоци, од вкупниот број починати, петмина починале во Нови Пазар, тројца во Ниш и еден во Врање.