Во Словенија има само девет активни случаи на коронавирус

59

Во Словенија, во последните 24 часа, се тестирани 828 лица и не се потврдени нови случаи на коронавирус, објави словенечката влада.

Исто така, не се регистрирани нови смртни случаи, така што бројот на починати е 109, а бројот на заразени лица од почетокот на епидемијата е сè уште 1.477.

Само пет лица сè уште се лекуваат во Универзитетскиот клинички центар (УКЦ) во Љубљана, но ниту еден пациент не е во посериозна состојба или на одделот за интензивна нега.

Според Институтот за јавно здравје, во државата има само девет активни случаи на коронавирус.


Во Хрватска еден нов случај на коронавирус

Во последните 24 часа во Хрватска е потврден еден нов случај на коронавирус.

Од вкупно потврдени 2.247 случаи, закрепнале 2.105 лица, а 103 лица починале. На лекување во болница и во домашни услови се уште 39 заболени, од кои тројца пациенти се на респиратор.

Досега се тестирани вкупно 67.997 лица, а 183 во последните 24 часа.

Во последните две недели во Хрватска се регистрирани само неколку случаи, а имаше и денови без нови случаи.