Во Грција досега 1.156 заболени од коронавирус, починаа 38 лица

81
Во Грција од коронавирус во изминатото деноноќие починаа уште шест лица, со што бројот на починати се зголеми на 38.
 

Како што соопшти епидемологот Сотирис Циодрас, кој ги даде најновите податоци во дневниот брифинг на Министерството за здравство, во земјата има 95 нови потврдени случаи на заболување од саботата, со што бројот на заболени достигна 1.156 луѓе.

Од нив, 69 се во одделенијата за интензивна нега, пренесе грчкиот весник „Катимерини“.