Вакцинацијата на доброволно пријавените граѓани во Србија почнува утре

63

Вакцинацијата во Србија на првите 1.000 граѓани што се пријавија доброволно преку порталот „Е-управа“, а имаат над 75 години, ќе почне утре.

Веста ја потврди и министерката за труд, вработување, социјала и ветерани, Дарија Кисиќ-Тепавчевиќ, која рече дека старосниот критериум одлучил кој ќе биде приоритет.

– Во прашање се луѓе постари од 75 години, кои изразија интерес за вакцината. Ќе бидат вакцинирани граѓани во цела Србија – рече Кисиќ-Тепавчевиќ.

Таа додаде дека во наредните денови ќе се утврди динамиката на вакцинација на другите граѓани што аплицирале за вакцината преку порталот.