Бугарија: 162 новозаболени од коронавирус, 14 починати

73

Бројот на потврдени случаи на ковид-19 во Бугарија достигна 15.751, откако во последните 24 часа беа потврдени уште 162 случаи на инфекција.

Уште 14 лица починале од коронавирусот, а вкупно 586 лица починале од почетокот на пандемијата, пренесува БТА.

Во моментов има 4.415 активни случаи на инфекција, а хоспитализирани се 741 лице, од кои 60 се на интензивна нега.