БиХ: 244 новозаразени и 2 смртни случаи

30

Во Босна и Херцеговина, потврдени се 244 нови случаи на зарзени со коронавирус, од тестирани 1.044 примероци.

Како што јавија властите, пријавени се два нови смртни случаи, а починал еден постар маж од Сански Мост и една жена од Горажда.

Вкупниот број на заразени со коронавирус во БиХ сега изнесува над 8.100, со 247 потврдени смртни случаи.