Вселенскиот патријарх Вартоломеј

Вселенскиот патријарх Вартоломеј бил позитивен на коронавирусот – соопштија од Патријаршијата во Истанбул.

Во соопштението што го пренесе „Ројтерс“ се истакнува дека 81-годишниот патријарх кој неодамна имаше операција на срцето е целосно вакциниран и има само благи симптоми на вирусот и дека неговата општа состојба е добра.

Патријархот им се заблагодари на сите кои се интересираат за неговото здравје и ги повика да ги следат препораките на докторите, а оние кои не се вакцинирани да се вакцинираат за свое, но и за доброто на општеството.