Фото: Игор Бансколиев

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје во последните 24 часа направени се 1.537 тестови, а регистрирани се 679 случаи на ковид-19, од кои 130 се реинфекции. Регистрирани се 291 оздравен пациент, а нема пријавено за починати лица. Во моментов се активни вкупно 4.379 случаи на коронавирусот, информира Министерството за здравство.

Од вкупниот број новозаболени, 237 се од Скопје, Битола – 59, Oхрид – 38, Кавадарци – 37, Куманово – 35, Гостивар – 30, Тетово – 28, Прилеп – 24, Кочани – 17, Струмица, Берово, Струга и Велес – по 13, Гевгелија– 12,Штип – 11, Неготино и Радовиш – по 10, Кичево, Ресен, Делчево, Виница и Кратово – по 5, Крива Паланка – 4, Валандово – 3, Свети Николе, Дебар и Крушево – по 2, Пробиштип, Богданци, Демир Хисар, Македонски Брод и Демир Капија – по 1.

Регистрирани сe 291 оздравен пациент од Охрид – 79, Битола – 39, Струга – 33, Кавадарци – 22, Гостивар – 19, Прилеп – 17, Кичево – 11, Скопје и Велес – по 9, Неготино – 8, Гевгелија и Радовиш – по 7, Куманово и Ресен – по 6, Тетово – 5, Дебар – 4, Кочани, Штип и Демир Хисар – по 2, Виница , Крушево, Богданци и Демир Капија – по 1.

Во текот на изминатите 24 часа нема пријавено пријавено едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од „Мој Термин“ не се регистрирани починати лица.

Досега во земјата се направени вкупно 2.130.248 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 332.667, бројот на оздравени пациенти е 318.890, на починати е 9.398.