Maските со „прозорец“ станаа хит

407

Џaстин Бејт и нејзината ќерка Теона се глуви, a поради потребата на носење маски за лице, таа брзо станала свесна за големиот проблем со кои се соочуваат многумина, меѓу кои и нејзината ќерка, кои се потпираат на читање усни, пишуваат британските медиуми.

Џастин Бејт затоа направила соптвени маски за лице кои имаат проѕирен пластичен прозорец за устата да биде видлива при нивно носење.

На својот фејсбук-профил таа напишала „јас и мојата ќерка сме глуви, многу се потпираме на читањето усни, па јас ја направив оваа проѕирна маска за глувите читачи на усни и за оние чија работа е поврзана со глувите, или оние кои сакаат да се смеат!”

Зборувајќи за „Дејли мејл“, сопругот на Џастин, Карл, рече дека биле потребни неколку обиди да се осигури дека покривањето не е премногу мало, а сепак да е ефикасно.

На Фејсбук, Џастин споделила дека маските исто така можат да се перат во машини за перење на алишта, но со помал број на вртења на центрифугата.

Единствен недостаток е што овие маски не можат да се направат со филтер, бидејќи ќе ја покрие пластиката со што ќе се изгуби целта, но придобивките дефинитивно го надминуваат тоа.

Некои луѓе исто така изразија загриженост за тоа како маглата и кондензацијата можат да се наталожат и да ја намалат целта на маската, но сопругот на Џастин, Карл, уверува дека кондензацијата не трае доволно долго за да се наруши читањето на усните.

Покрај се, Џастин добила пофалби од многу луѓе и организации. Џастин Бејн посочи и дека е преплавена со нарачки за маските од големиот број на заинтересирани.