Деведесет и шестгодишна жена во Јужна Кореја стана најстариот пациент во земјата што целосно закрепнал од коронавирус, објави Си-ен-ен.

Жената од округот Чеонгдо беше прогласена за целосно излекувана во средата.

Округот Чеонгдо се наоѓа во близина на јужниот град Даегу, во кој има најголем број случаи на заболени од коронавирус.

Вирусот на жената ѝ бил дијагностициран на 13 март и била примена на лекување во јавната клиника Поханг, источно од Даегу.

Таа сега е ставена во карантин во нејзиниот дом во Чеонгдо, каде живее со својот син.