Водечките луѓе на НБА-лигата ја прекинаа сезоната на неодредено време, откако беше објавено дека кошаркарот на Јута џез Руди Гобер е позитивен на коронавирусот.

Тој не се чувствувал добро поради што доцнел натпреварот помеѓу Јута и Оклахома, кој набргу потоа беше одложен. Од НБА-лигата исто така беше потврдено дека францускиот репрезентативец не се наоѓал во арената. 

Гобер наводно се шегувал за коронавирусот на само неколку дена пред да биде откриено оти е заразен, кога за време на разговор со новинарите во соблекувалната, ги допрел сите микрофони, во обид да ги исмее препораките за претпазливост на НБА-лигата, како што објавуваат повеќе американски медиуми.

Сите од Јута џез ќе мора да бидат прегледани, а ќе бидат тестирани и кошаркарите на Торонто, Детроит, Бостон и Њујорк. Со овие тимови кошаркарите на Јута играа во изминатите осум дена