Том Хенкс со сопругата/Фото: Фејсбук/Том Хенкс

Славниот актер Том Хенкс и неговата сопруга Рита Вилсон во својата порака објавена на социјалните мрежи напишале  дека се чуствуваат подобро по две недели поминати на болничко лекување откако беа позитивни на коронавирус, односно оти сега во самоизолација, пренесуваат светски медиуми.

Во својата нова порака Хенкс апелира до сите да се почитуваат советите за борба против пандемијата.

– Кога ќе се изолирате, вирусот не го пренесувате никому. Ќе помине малку време но доколку се грижиме едни за други секогаш кога можеме, и ако се откажеме од дел комфорот, бргу поминува – додал Хенкс во пораката.