Апликациите со код за здраствената состојба поврзана со коронавирусот, што им овозможуваат на луѓето да се движат надвор по излегувањето карантин, станаа составен дел од управувањето со граѓаните на кинеските власти, тврди „Гардијан“.

По неколкунеделен карантин милиони луѓе во Кина излегуваат надвор, но нивната слобода на движење во голема мерка зависи од телефонските апликации.

Услугата „здравствен код“ воведена на сеприсутните платформи Алипеј и ВиЧат а развиена за кинеската влада – ги означува корисниците во одредена боја, врз основа на нивниот здравствен статус и историјата на движењето, а кјуар кодот може да го скенира владата.

Апликациите се специфични за секој град или покраина, но генерално на луѓето со зелен код им е дозволено да патуваат релативно слободно. Жолтиот код означува дека корисникот треба да се биде во домашна изолација, а со црвениот код означува дека тој е позитивен на ковид-19 и треба да биде во карантин.

Апликациите станаа составен дел од управувањето со луѓето од кинеските власти и нивното движење во и надвор од погодените области, според британскиот весник. Кога минатата недела се укинаа ограничувањата за карантин во покраината Хубеи, владата им овозможи на жителите со зелен код да патуваат во и надвор од покраината.

Некои ресторани, продавници, хотели и други институции бараат од луѓето да ги покажат своите кодови пред да влезат. Во Вухан, само на оние со зелен здравствен код им е дозволено да користат јавен превоз.

Сепак, технологијата предизвика загриженост за можноста за пристап до приватниот живот и податоците на луѓето.

Има поплаки од кинеските корисници на социјални медиуми за недостаток на транспарентност, за тоа како работи апликацијата и кои податоци чува. Некои изјавија дека не се во можност да ги променат погрешните црвени ознаки и ги доведоа во прашање зависноста од интернет-врската и надзорот.

– Зошто треба да дозволиме компании како што се Алипеј и ВиЧат да ве следат и вашиот здравствен код. Зошто не може да се интегрира во чипот на нашата лична карта? Мобилните телефони на некои луѓе не се поврзани на Интернет. Не знам за што размислуваат нашите лидери – поставил прашање еден корисник.

Апликациите се потпираат на комбинација на самоизвестување од страна на корисникот и владините информации, вклучувајќи ги и медицинските досиеја на лицето, нивната историја на движење и дали биле во контакт со некој дијагностициран со ковид-19.

На апликацијата Алипеи, од апликантите се бараат детали за контакт, информации од пасош и за неодамнешни патувања, како и лекарско уверение. „Ант Фајненшл“, придружна компанија на „Алибаба“, која управува со Алипеј, објаснила дека не ја обезбедува и управува услугата и нема пристап до податоците внесени во неа. Компанијата соопштила дека обезбедила техничка поддршка на градската власт во Хангжу, кога ја развивала својата верзија на софтверот.

Официјалните упатства за апликацијата ВиЧат велат дека се потребни основни информации за идентитет и адреса, како и историја за близок контакт со сомнителни пациенти, историја на патување и престој надвор од живеалиштето.

Таа се базира на медицински информации кои вклучуваат симптоми (како треска и кашлица), лекување, изолирано набудување, информации за контакт, историја на патувања на областа на епидемија и историјата на патувањето на корисникот, вклучувајќи го и начинот на патување и местото каде што престојувал како и детали за возилото и возачот.

Апликацијата за здравствен код е лансирана  во Хангжу на почетокот на февруари, а од државните медиуми е опишана како „Али Пео Хелт Код“. Таа се проширила во повеќе од 100 града за само една недела, пред да се објави на национално ниво.