Човечкото страдање предизвикано од ширењето на коронавирусот, наспроти здравствените проблеми се одразува и на поинаков начин, кога луѓето ги губат своите домови и не можат да ги платат сметките, пишува британски „Индипендент“.

Економската опасност од коронавирусот веројатно е значително поголема од ризиците за здравјето. Ако вирусот влијае директно врз вашиот живот, најверојатно ќе ве ограничи во работата, на пример, принудувајќи го вашиот работодавец да ве отпушти или да банкротирате ако имате сопствен бизнис.

Огромните загуби од трилиони долари од финансиските пазари неделава ќе бидат само почеток, ако владите не настапат со мерки за спас.  Подеднакво важно, како и борбата против вирусот, е да ги вакцинираме нашите економии против престојната пандемија на паника. Човечкото страдање може да дојде во форма на болест и смрт. Може исто така да се доживее доколку не можете да ги платите сметките или го загубите својот дом, објаснува Омар Хасан за британскиот весник.

Хасан заклучува, дека на коронавирусот можеме да гледаме како моментот кога нишките што ја спојуваа глобалната економија се одвоија; а стартапите и растечките бизниси би можеле да бидат тие што ќе ја платат цената.

Целокупната ситуација уште повеќе загрижува бидејќи владите продолжуваат да ја гледаат како здравствена криза, а не како економска. Време е економистите да се придружат во борбата пред вистинската пандемија да се прошири.