Јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин на гласачкото место

Големата поддршка за начинот на справувањето со кризата на јужнокорејскиот претседател Мун Џае-ин може да ги зголеми шансите на неговата партија на националните избори, пренесува „Гардијан“.

Водењето на високи функции среде пандемија ги принуди кандидатите во Јужна Кореја да ги напуштат испробаните методи на кампања, бидејќи земјата се подготвува да стане прва што ќе одржи национални избори од почетокот на појавата на коронавирус.

Со неколку исклучоци, тие ги заменија ракувањата со поздравувањето со лакти и одржаа говори пред мали групи, носејќи маски, наместо да одржуваат масовни собири.

Во помалку бурни времиња, на изборите на 15 април би доминирале новите работни места, платите и програмата за нуклеарно оружје на Северна Кореја. Но, тие беа засенети од начинот на справувањето на претседателот со пандемијата.

Првите индикации се дека вирусот не успеал да ги одврати гласачите, со предвидувања за рекордна излезеност на утрешното гласање за националното собрание со 300 места. Во петокот, повеќе од пет милиони луѓе гласаа на предвремено или претходно гласање, што е рекордно висок број во однос на ваквиот вид на гласање кое е воведено пред седум години.

Како и милиони негови сонародници, Мун пристигнал на избирачкото место носејќи маска, но не му беше дозволено да гласа, сè додека не поминал тест на температурата, по кој ги измил рацете и ставил ракавици.

Јужна Кореја беше пофалена од Светската здравствена организација за нејзиниот успех во ставање на епидемијата под контрола, со повеќе од десетина светски лидери кои побараа совети од Сеул за мерките за карантин и барања за комплети за тестирање. Скоро 60 отсто од анкетираните испитаници го одобрија начинот на Мун за справување со пандемијата.

Вирусот го трансформира начинот на гласање за милиони Јужнокорејци, во услови на загриженост дека избирачките места можат да предизвикаат втор бран на инфекции, додека земјата остава впечаток дека ја става епидемијата под контрола.

Дезинфицирани се повеќе од 3.500 избирачки места и од сите избирачи се бара да користат средство за дезинфекција за раце, да носат маска и ракавици. Оние кои нема да поминат при проверка на температурата ќе се насочат кон специјални штандови, додека пак поставени се посебни избирачки места за над 3.000 пациенти и 900 медицински работници во Сеул и во Даегу, до неодамна центарот на епидемијата на Јужна Кореја. На луѓето во карантин ќе им биде дозволено да гласаат по пошта од дома.