Технолошкиот систем на американското јавно здравство, од Центрите за контрола на заразни болести до локалните агенции зависат од технологија што се користеше на преодот кон 21-от век, и која ги успорува обидите за наоѓање на заразените, пишува американското издание на магазинот „Политико“. Тоа е резултат на години на пропуштени можности и на подем на технологијата што модернизираше значителни делови од американското здравство, а по кој државните агенции заостануваат.

Глобалната пандемија што излезе од контрола убивајќи десетици илјади Американци, бара најсовремен пристап на здравствените служби досега, базиран врз податоци, за спречување на ширењето на заразата.

А со што ги споделуваат информациите повеќемина од луѓето во американското здравство? Со факс-машини и хартиени записи.

Барем 35 сојузни американски држави ги укинуваат рестрикциите за движење. Тоа ќе бара засилен надзор на начинот на кој се шири заразата, пред да излезе надвор од контрола во заедниците или во државите.

Американскиот конгрес одобри повеќе од 500 милиони долари за собирање на информации за здравството, во рамки на пакетот за справување со пандемијата, минатиот месец, но оние задолжени да ја следат заразата, засега, се потпираат на хартиени извештаи и користат застарени алатки за критичните задачи како што е следењето на контактите на заразените.

Надлежните служби не можат да ги поврзат информаиите за да добијат реална моментна слика за ширењето на заразата, дури ни кога имаа пристап до податоците, како што оние од следењето на локациите на мобилните телефони.

Затоа пребаруваат неповрзани, на моменти и непотполни, купишта на информации, вклучувајќи ги извештаи за симмптомите или резултате од лабораториските тестирања. Една од четири болници не внесува информации на федералните интернет-страници за тоа колкумина пациенти имаат симптоми што наликуваат на грип. Со поголемо инвестирање во технологијата, експертите сметаат дека здравствените служби би можеле да се борат против болеста подобро и побрзо, се заклучува во анализата на „Политико“.