За само неколку недели, Нов Зеланд речиси го искорени коронавирусот. Иако е рано за прослава, во Нов Зеланд има само еден позитивен случај од 1 април досега. Премиерката Џасинда Ардерн го опиша петнеделниот карантин како „најстрогите ограничувања во модерната историја на Нов Зеланд“. Но, и покрај успехот, таа сѐ уште повикува на претпазливост. 

Најголемата причина за успехот на Нов Зеланд се брзата реакција, масовното тестирање на населението, во некои случаи и по 8.000 тестови на ден, и целосната доверба во медицинските експерти.

Иако враќањето во нормала засега делува далеку, мерките ќе продолжат додека да биде откриена вакцина за ковид-19. Економијата исто така претрпе голем удар, а се проценува дека земјата ќе забележи стапка на невработеност од 13 отсто.

– Ќе се справиме со економските влијанија на ист начин како и со опасноста од вирусот, со единство, со поддршка и со тоа што ќе се грижиме едни за други – изјави Ардерн.