Милијардерот Ричард Бренсон со цел да ја заштити иднината на своите 70.000 вработени, објави дека подготвил пакет за спасување вреден 250 милиони долари, пренесува „Форбс“. Бренсон чие богатство се проценува на 3,5 милијарди долари, во интернет-изјава наведе дека парите се за „спас на работни места“, а 250-те милиони долари „веројатно се само почеток“, опишувајќи ја пандемијата како најзначајната криза што светот ја доживеал.

После една недела критики, Бренсон посегна во неговиот личен куп пари од 690 милиони американски долари, за да го отпочне овој процес. Портпаролот на Бренсон потврди дека 250 милиони долари ќе бидат од групата „Ричард и Вирџин“ и нема да бидат платени од „Вирџин Атлантик“.

Овој потег следува откако Брансон и неговата авиокомпанија „Вирџин Атлантик“ беа критикувани минатата недела за нивниот одговор на пандемијата, поради најавите дека од персоналот било побарано да земе неплатено отсуство од осум недели. Но и планот за спас доведе до гневна реакција меѓу политичирате од различни страни.

Пратеничката Кејт Озборн, втората американска политичарка на која и беше дијагностициран коронавирус, ја опиша одлуката на „Вирџин Атлантик“ како „апсолутен срам“, на Твитер.

Милијардерите ширум светот посегнуваат по свое лично богатство за да им помогнат на вработените во кризата. Бренсон, кој е сопственик на 51 отсто од „Вирџин Атлантик“ беше обвинет за давање на поголема важност на остварувањето профит во однос на луѓето. Сепак, голем број од персоналот на „Вирџин Атлантик“ останаа поддржувачи на самата компанија. Еден вработен напиша на Интернет, „ние ќе сториме сè што е во наша моќ за да помогнеме нашата компанија да преживее“.

На Бренсон му требаше време да ги „стави мислите на хартија“, опишувајќи ги претстојните месеци како „масовна битка за да преживување и за спасување на работните места“.

– Обезбедуваме четвртина милијарда долари во текот на следните недели и месеци за да ги заштитиме и обезбеиме работните места – тоа е веројатно само почетокот. 

Нашите авиокомпании мораа да ги приземјуваат скоро сите авиони; нашата линија за крстарење мораше да го одложи нејзиното тргање; нашите здравствени клубови и хотели мораа да ги затворат своите врати, а сите резервации до нашата компанија за одмор се откажани. Ние, исто така, ги слушаме членовите на нашиот тим низ целиот свет за да видиме кои други работи можеме да направиме за да ги поддржиме нив, нивните семејства и заедниците и ќе изработиме серија програми во текот на следните месеци – вели тој.

Сеќавајќи се на „деновите по случката на со терористичкиот напад на 11 септември кога сите авиокомпании и патнички компании донесоа исклучително тешки одлуки да прогласија технолошки вишок за да се одржат во работа, Бренсон вели дека неговите фирми прават сè што можат за да не дојде до повторување на таквата ситуација.

Бренсон вели дека одлуката за контроверзниот неплатен одмор потекнува од самите вработени – „практично едногласно“. Тој додава дека таа одлука е за да се ограничат финансиските тешкотии за сите, да се обезбеди идниот опстанок на авиокомпанијата и да се обиде да ја заштити работата на вработените.

Брансон ја искористи својата изјава за да повика на политичко дејствување. Тој рече, дека шансите за обезбедување на широко економско закрепнување ќе зависи од владите ширум светот, кои треба успешно да мобилизираат различни програми за поддршка.