Германската канцеларка Ангела Меркел беше забележана како пазари во еден супермаркет во Берлин.

Купените производи од пазарењето за викендот, канцеларката ги плати со својата картичка.

Според извештаите на медиумите, Меркел за време на синоќешното пазарење, разгледувала по полиците, гледала каква е снабденоста и потоа ги купила работите кои ѝ биле неопходни за викендот.

На пазарењето канцеларката била сама, односно самата бирала и ставала намирници во корпата, а на крајот застанала во редот и си ја платила сметката.