Израел во име на јавното здравје и ограничување на ширењето на коронавирусот почна со ускратување на граѓанските слободи на неговите граѓани, тврди „Форин полиси“. Новата владина мерка би и овозможила на израелската национална разузнавачка служба позната како Шин Бет да ги следи Израелците заразени со вирусот како и лицата кои се во контакт со нив.

Преку поврзување на напорите за спречување на вирусот со борбата против тероризмот, израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху кажа дека здравствените работниците побарале од него да ги влкучи „дигиталните техники“ користени во борбата против тероризмот, кои никогаш досега не беа одобрени за употреба меѓу израелските граѓани.

– Тешко е да го лоцирате непријателот, бидејќи е прикриен. Но имаме избор, бидејќи водиме војна која бара специјални акции – кажа Нетанјаху на прес-конференција во саботата.

Неговата објава предизвика бран на негодување од политичарите, активистите за граѓански права и експрертти од јавното здравство кои тврдат дека владата на овој начин ги премина границите во борбата против ковид-19.

Иако Израел доби пофалби за воведување на агресивни рестрикции за патување и задолжителен карантин во борбата со заразата, дел од правните експерти велат дека употребата на тактики за дигитално шпионирање ќе претставува незначителна помош во однос на нарушувањето на приватноста.

Владиниот план ризикува на втурнување на Израел во „надзорна демократија“. Ова е вознемирувачки чекор – предупреди Техила Шварц Алтшулер од Институтот за демократија на Израел.

Во обраќањето до нацијата Нетанјаху ја спомна корисната примена на податоците од мобилните телефони за спроведување на карантин во Тајван. Властите во Сингапур исто така воведоа методи за технолошко надгледување за контрола на вирусот. Кина, пак, се потпира на технологијата за препознавање на лицата. Израел има репутација за воведување на технолошки инвоации, во кои спаѓаат и стартапи специјализирани за сајбер-безбедност.

Новата мерка ќе им овозможи на израелските власти да извлечат податоци од телефоните на пациентите што се позитивни на коронавирус, да создадат листа на места што тоа лице ги посетило во изминатите неколку дена или недели, како и список на луѓе со кои лицето контактирало. Властите би ги користеле информациите за да ги информираат луѓето што можеби биле изложени на преносител на вирусот и да им наложат одење во карантин.