Виртуелните консултации стануваат начин за безбедно лекување на пациентите додека се шири коронавирусот.

Еден пациент неодамна патувал и на кратко се задржал во Токио. Имал треска и кашлица пред една недела, но сега се чувствува добро. Тој ја повикал виртуелната медицинска линија неодамна воспоставена од Медицинскиот центар Раш при универзитет во Чикаго за да им помогне на пациентите за скрининг на коронавирус.

– Пациентот ги кажа сите правилни зборови: кашлица, треска, замор – рече д-р Мета Шах, лекар за итни случаи во Раш.

По разговорот со него, д-р Шах проценила дека не е потребно тој да се хоспитализира, но го упатила во градскиот одделот за здравство.

Раш и другите големи болници бргу ја прошириле употребата на телемедицина за безбедно скринирање и лекување на пациенти за коронавирус во обид да го намалат ширењето на инфекцијата, давајќи совети од далечина.

– Ова е еден вид пресвртница за виртуелното здравство. Ние, всушност, гледаме како технологијата може да се користи и во јавната здравствена криза – рече д-р Шах.