Продавницата за облека која се наоѓа на границата помеѓу Белгија и Холандија, ја затвори белгиската половина поради ковид-19, додека холандската половина уште е отворена, пренесува „Гардијан“.

Сопствениците на продавницата која е на границата помеѓу Белгија и Холандија, беа принудени да затворат половина од својата продавница за да  го стопираат ширењето на коронавирусот, додека делот на холандската територија е отворен.

Продавницата „Земан“ во општината Барле-Насау, каде што границата ги дели и улиците на половина, го донесе единствениот пристап откако белгиската сојузна влада нареди затворање на сите несуштински продавници.

Ниту едно парче облека од белгиската страна на продавницата не е достапно за купување, но делот од продавницата во Холандија продолжува да ги услужува купувачите бидејќи холандската влада само повика на физичко дистанцирање.