Голем број граѓани поради топлото време ги преплавија плажите во Калифорнија и покрај апелите на надлежните да избегнуваат групирања и да ги почитуваат мерките за социјална дистанца поради пандемијата на коронавирус.

Илјадници граѓани се собраа на калифорниските плажи Њупорт и Хантингтон пркосејќи им на наредбите, а гувернерот Гавин Њусом се осврна на искушенијата коишто многумина од жителите на Калифорија ќе ги имаат со доаѓањето на летото и и порача на граѓаните да останаат дома и да одржуваат физичка оддалеченост.

„Ја имате моќта буквално да спасувате животи“, напиша гувернерот на оваа федерална држава Гевин Њусон на Твитер.

Полицијата во Пацифик Гроув соопшти дека морала да го затвори одредено одморалиште како и јужниот дел на заливот Монтереј поради неможноста да се одржува физичко растојание меѓу посетители.