Сите се прашуваат каква порака сакаат да испратат војвотката и војводата од Кембриџ кои не носеле маски и ракавици при посетата на информативен центар во Лондон, и покрај тоа што си ги дезинфицирале рацете, пренесуваат британските медиуми.

За време на посетата принцот Вилијам и неговата сопруга Кејт Мидлтон два пати си ги дезинфицирале рацете, и покрај тоа што не се ракувале. Принцот Вилијам нагласил како вероватно начинот на вршење на кралските должности ќе се измени додека трае епидемијата на коронавирус. Кејт Мидлтон, пак, ги почитувала правилата за социјално дистанцирање, како што наведуваат медиумите.