Стоејќи на мирното тело на интубираното петгодишно момче, ирански здравствен работник во заштитна опрема ја моли јавноста да престанете да пиете индустриски алкохол метанол, поради стравот од коронавирус, пренесува

Момчето, кое сега е слепо, откако неговите родители му дадоа токсичен метанол за кој верувале дека штити од вирусот, е само една од стотиците жртви на заблудите што сега се шират во Иран.

Иранските медиуми јавуваат дека скоро 300 луѓе починале, а повеќе од 1.000 се заболени од пиење на метанол ширум Исламска Република, каде што е забрането пиење алкохол и каде што шверцерите го продаваат на диво. Ирански лекар, кој му помага на иранското министерството за здравство за „Асошиејтед прес“ изјави дека проблемот е уште поголем, бидејќи починале вкупно 480 лица а отруени 2.850 лица.

Труењето се јавува додека лажните вести за лекови се шират низ социјалните медиуми во Иран, каде луѓето остануваат длабоко сомничави за владата, откако ја минимизираше кризата со денови пред да ја зафати целата држава.

Другите земји имаат само еден проблем, а тоа е новата пандемија на коронавирус. Но, ние се бориме на два фронта овде , изјавил доктор Хусеин Хасаниан, советник во Министерството за здравство на Иран, кој ги даде повисоките бројки на АП од оние објавени од иранските медиуми. Ние треба да ги лечиме луѓето од труење со алкохол и да се бориме против коронавирусот.

Исламската Република објави над 38 илјади потврдени случаи и повеќе од 2.600 смртни случаи од вирусот, што е најголем број на која било земја на Блискиот Исток. Меѓународните експерти, стравуваат дека Иран можеби нема да ги пријавува своите случаи, бидејќи официјалните лица го потценувале вирусот пред парламентарните избори.