Пристапот на Виетнам во борбата против коронавирусот доби пофалби од Светската здравствена организација, со што азиската држава во која досега нема смртни случаи, покрај 200-те заразени, веројатно може да дели лекции за справување со пандемијата.

Виетнам кој има заедничка граница со Кина, засега успева да избегне посериозни последици, во комбинација на одлучно рано дејствување, екстензивно тестирање, енергичен карантин и социјално единство.

Земјата брзо формираше Национален управен комитет за спречување и контрола на коронавирусот под покровителство на вицепремиерот, кој веднаш спроведе национален план за одговор. Виетнам воведе целосен карантин на 1 април.

Виетнамските училишта се затворени од јануари, а масовниот карантин започна на 16 март. Оттогаш, десетици илјади луѓе што влегуваат во земјата од тешко погодените нации беа ставени во задолжителен карантин. До 25 март, меѓународните летови целосно престанаа, а стопирани се мнозинството на домашни летови, возови и автобуси. Згора, секој што ќе замине од Ханој, епицентарот на избувнувањето на заразата во Виетнам, е ставен во карантин по пристигнувањето во било која друга покраина.

Виетнам досега направи повеќе од 121.000 тестирања, од кои 260 се покажаа позитивни, а повеќе од 75.000 лица се во карантин или изолација.