Одлуката на американскиот претседател Доналд Трамп за прекин на финансирањето на Светската здравствена организација (СЗО) беше критикувана од генералниот секретар на ООН, Антонио Гутереш, а му се придружи и Бил Гејтс, основач на „Мајкрософт“ и еден од најголемите хуманитарци во светот.

– Престанувањето на финансирањето на СЗО за време на овој вид здравствена криза е многу опасно. Нивната работа помага да се запре ширењето на вирусот и нема друга организација во светот што може да ја преземе нејзината улога. СЗО му е потребен на светот повеќе од кога и да било – напиша Гејтс на Твитер.