Македонката Лела Садикарио која живее во Милано упати апел на Фејсбук со цел да ги информира пријателите за условите во Италија која е во целосен карантин, како и за начинот на кој треба да се штитиме од вирусот.

Во моментов сме во карантин. Не може да се излегува на улица. Ако излезеш без валидна причина полицијата може да те казни. Сè е затворено. Бизниси, трговски центри, продавници… Сите улици без жива душа. Чувството е како да дошол крајот на светот. Италија, а Милано особено, секогаш биле симбол за добриот живот и тој живот се претвора од момент во момент, во едно темно место… место на војна. Тоа е реалност која никогаш не сум помислила дека ќе ја доживеам пак, после 90-тите години и распаѓањето на Југославија.

Луѓето се збунети, тажни, вознемирени, беспомошни и претежно не разбираат како оваа реалност била присилена врз нив и кога ќе заврши целиот овој кошмар. Голема грешка беше тоа што на почетокот сите постираа статистики да покажат дека вирусот е полесен отколку обичен грип, и луѓето продолжија да ги водат своите животи како и вообичаено и работеа од дома, а всушност, сите беа на улица, уживајќи во убавото време и чувствувајќи го моментот како еден вид на одмор. Собири по паркови, гледање со пријатели, големи фамилијарни собири… Сите згрешија па дури и јас!

Ве молам, внимавајте ова не е шега. Заштитете ги вашите најблиски, родителите, бабите и дедовците! Болеста е опасна за нив. Тие умираат! Тука дневно губиме по 200 луѓе, а регистрирани се 2.000 нови случаи.

Не дека здравствениот систем во Милано не е добар (тој е еден од најдобрите во светот), но зошто умираат!? Затоа што нема место за секого во болниците! Лекарите избираат кој ќе умре! И тоа само заради несериозноста на граѓаните, и нашата свест и одговорност кон самите нас и цивилното општество!

Ве молам, ве молам научете од грешките, ние сме мала земја која може да заврши во голема трагедија. Доволно ја сакате да ја заштите! Слушајте ги упатствата на Министерството за здравство (Не е момент за препукувања, туку за сложност и обединет пат – непријателот е еден – вирусот).

Бидете на дистанца од еден метар на секоја личност. Не се приближувајте, не се гушкајте и бакнувајте. Помогнете им на експертите да го спречат ширењето. Во Италија целата земја е во карантин, 60 милиони луѓе се во карантин! Ова можеше да се спречи доколку од почетокот се слушаа упатствата. Грижете се за вас и животот на вашите сакани!

Ви праќам еден цртеж кој моите деца го направија за национална кампања во Италија со слоганот Се ќе биде во ред! И така и ќе биде, доколку сите седиме дома!

Здраво на сите,Првенствено фала на сите мои пријатели кои ми пишаа и сакаа да се информираат како е ситуацијата во…

Posted by Lela Sadikario on Четврток, 12 март 2020