Со отстранување на клупите против граѓанската непослушност

42

Градоначалникот на предградие во францускиот град Лил, соочен со непослушноста на неговите сограѓани, донесе очајничка мерка со цел да ја победи нивната бунтовност. Тој нареди да се отстранат јавните клупи во предградието, во обид да ги натера да ги почитуваат мерките и наредбите за изолација за време на коронавирусот, пренесува „Јуроњуз“.  Себастијан Лепретре затоа отстранил 40 јавни клупи.

– Дури и паричните казни не беа доволни за некои граѓани да ги почитуваат наредбите. Затоа ни остана само едно решение, да ти отстраниме јавните клупи. Клупите ќе бидат одново поставени откако мерките за изолација ќе бидат укинати – објави Лепретре на Твитер. 

Областа Ла Маделин брои околу 21.000 жители и се наоѓа во северниот дел на периферијата на Лил.  Лепретре објаснува дека ваквата одлука е „прашање на живот и смрт“. 

– Осум дена откако мерките беа најавени, луѓето излгеуваа на сонце, дискутираа меѓусебно и шетаа. Соочени со нивната постапки, моравме да донесеме мерки за кои не верувавме дека некогаш ќе ни паднат на ум – вели тој.