Светски познатиот готвач со потекло од Тетовско со ново мени ѝ се спротивстави на кризата

952
Рене Реџепи е готвач и косопственик на познатиот ресторан „Нома“

Елитниот ресторан „Нома“ во Копенхаген, Данска, кој е четирикратен добитник на наградата „Најдобар ресторан на светот“, денес повторно е отворен како бар за вино и бургери, пренесува „Блумберг“.

За да резервирате маса во ресторанот, претходно беше потребно да се јавите неколку месеци однапред, додека неговата нова реинкарнација нема да има резервации. Цените, истотака, се скромни. Бургер за носење чини 125 дански круни (16,7 евра), што за туристите можеби звучи многу, но цената сепак е согласна со локалните трошоци. Бургер за гостите кои јадат во ресторанот чини 20 евра. 

Шанкот на кој ќе се служи вино во ресторанот ќе започне со работа за месец и пол до два по завршување на мерките за изолација, со цел да оживее социјалниот живот во Копенхаген. 

– Нашата желба е луѓето да бидат активни, да почнат повторно да се движат и да излегуваат. Сакавме да покажеме дека сите се добредојдени, затоа одлучивме за  бургери. Одзивот за идејата беше неверојатен – вели Рене Реџепи, готвачот и косопственик на „Нома“ кој има потекло од тетовско Џепчиште. 

Реџепи е роден во Копенхаген, но значителен дел од детството поминал во Џепчиште каде што живеело неговото семејство (неговиот татко е Албанец, а мајка му Данка), комбинирајќи го со престојот во Данска. Реџепи е избран за „Најдобар готвач на светот“ во 2011 година, а ресторанот „Нома“ неколку години по ред ја добива титулата „Најдобар ресторан во светот“ и Мишленови ѕвездички. Во 2012 година Реџепи е прогласен за 11-ти највлијателен човек во светот, а се појави и на насловната страница на весникот „Тајмс“. Тој е еден од најистакнатите светски готвачи, со што е наведено дека македонските искуства му оставиле силен впечаток и претставуваат значајна инспирација во неговото готвење.

Реџепи објаснува дека малите детали, како и локалните производи и состојки ќе бидат заслужни за вкусот на бургерите, а ќе бидат достапни и вегетаријански и вегански верзии. 

Новиот бургер бар ќе работи од вторник до недела, од 13 часот до 21 часот. Реџепи не е загрижен дека ќе има долги редици од гости пред вратите на ресторанот.

– Се надеваме дека ќе има многу муштерии. Но, мора да се земе предвид дека Копенхаген е десет пати помал град, на пример, Лондон, а речиси и немаме туристи. Градот е претивок, никогаш досега не било вака – вели Реџепи. 

Ова е шанса за борба против коронавирусот и живнување на економијата во градот. Растојанието меѓу масите во барот ќе изнесува еден метар, а ќе се почитуваат и строгите правила за санитација и хигиена на гостите, кои ресторанот секако и порано ги почитувал, објаснува тој. Реџепи е возбуден од помислата дека ќе почнат повторно да работат, но овојпат работењето ќе биде едноставно. 

– Не знам како ќе се променат работите. Ние сме еден од најдобрите ресторани во светот и сега отвораме со хамбургери и сладолед за деца. Колку поинакво може да биде ваквото искуство? Ќе правиме најобични нешта, како и сите добри ресторани. Подоцна, ќе додадеме неколку други закуски од типот на оброци кои одат со вино,  остриги, зеленчук. Ова е нов експеримент за нас, вратата е отворена за сите а  чувството е навистина возбудливо – вели Реџепи. 

Тој се надева дека гостите нема да нарачуваат само оборци за носење, туку ќе бидат охрабрени во иднина да останат во ресторанот, или пак, во  неговиот двор.

– Доколку можеме да ги споиме стариот „Нома“ и „Нома“ од ерата на ковид-19, тоа би било супер – вели возбудениот Реџепи. 

Рестораните според него ќе биде тешко погодена во текот на следната година поради коронавирусот. Повеќето ресторани во Европа се одржуваат и работат со помош на владита, а тоа прави голема разлика, објаснува Реџепи.

– Откако сѐ ќе се отвори, луѓето ќе бидат претпазливи кога ќе излегуваат, а градовите нема да имаат голем број на посети од туристи. Верувам дека ќе има голема невработеност во угостителството. Затоа, сопствениците на рестораните ќе мора да наоѓаат нови стратегии и да размислуваат поинаку во иднина – вели Реџепи.