Расте загриженоста за кралицата додека се истражува како се заразил принцот Чарлс

903
Кралицата се видела последен пат со нејзиниот син на 12 март и таа е во добра здравствена состојба

Кралското семејство ги презема сите неоходни мерки за заштита од коронавирусот особено по сознанието дека принцот Чарлс е заразен, пишуваат британските медиуми. Сите членови се во самоизолација. Камила Паркер не е заразена, но и таа е во самоизолација со сопругот, принцот Чарлс, во Балморал, Шкотска.

Потпаролката на резиденцијата на принцот Чарлс истакнува дека се уште не може да се утврди од кого тој се заразил.

Кралицата сега е во дворецот Виндзор кој е затворен за сите посетители. За кралицата и нејзиниот сопруг принцот Филип се грижат нивните најблиски и најверни слуги. Според информациите од кралскиот дворец Елизабета се видела последен пат со нејзиниот син на 12 март и таа е во добра здравствена состојба.

Кралицата е тажна што не смее да се сретне со најблиските членови на кралското семејство, но сето тоа е преземено за да не се ризикува нивното здравје. Ана Хеминг, кралската лекарка гарантира дека ќе води сметка за нивното здравје.

Прицот Чарлс преку видео-конференциja разговара со добротворни организации за можностите со кои може да помогне на оние кои сега им е најмногу потребна помош. Војвотката Камила напоредно е во контакт со организации кои се борат за спречување на семејно насилство.

Прицот Вилијам и војвотката од Кембриџ Кејт Мидлтон сега се сместија во Амер Хал во Норфолк. Тие ги имаат сите удобности во куќата во Норфолк.