Несовесните Италијанци ги користат домашните миленици за да излезат од карантин?

1270

Дел од Италијанците ги користат домашните миленичиња како изговор за да излезат од карантин, макар накратко, што ги разгневи политичарите како што е Масимилијано Прескутити, вознемирениот градоначалник на градот Гвалдо Тадино, кој минатата недела на социјалните мрежи ги нападна оние што прекумерно ги шетаат своите миленици, пишува „Политико“.

– Каде по ѓаволите одите вие? Дали вашите кучиња имаат воспалени простати? Останете дома вие неодговорни луѓе – кажа Прескутити.

Во Рим, наставничката по англиски јазик Клер Елинс изјави дека нејзиниот црн лабрадор, Алекс, е исфрлен од колосек откако стапи во сила новата мерка за карантин, пред две недели.

– Порано бев надвор цел ден, а маж ми секогаш беше на пат. Тоа што сме постојано дома на почетокот го правеше среќен, но потоа стана многу збунет. Тој навистина често во текот на денот, седејќи на двоседот, ни дава сомнителени погледи. Со тоа што сум во можност да излезам од куќата и да го одведам во градините Вила Боргезе на неколку часа секојдневно, помогна да не полудам – вели Елинс.

Елинс забележа дека иако никој од станарите во нејзината зграда не побарал да го позајми Алекс, таа слушнала дека во други делови на Рим, луѓето сакаат да платат за да ги шетаат кучињата на соседите, само за да излезат малку на отворено. 

– Луѓето се очајни. Моја студентка ми кажа дека таа сакала да стави поводник на нејзината мачка за да види дали полицијата ќе и дозволи да се прошета со неа – вели таа.

Миленичиња низ Европа исто така ненадејно треба да се навикнуваат да бидат постојано покрај своите сопственици. На оваа новонастаната ситуација некои реагираат со восхит, но голем дел од нив не се баш воодушевени.

„Тој е видно несреќен“, вели Сара Поло за нејзината сибирска мачка Балу, со која го дели својот стан во Мадрид.

Пред шпанската влада да ја стави земјата во карантин, Поло ги поминувала повеќето денови на работа, а викендите надвор од градот, што значи дека нејзиниот крзнен пријател го имал станот само за себе. 

– На него му е смачено од мене и мислам дека му треба неговиот простор, па затоа се обидувам да бидам подобра во однос на почитувањето на неговите граници додека трае оваа состојба. Кога се обидувам да вежбам во дневната соба, тој ја напаѓа мојата јога-подлога. Но, она што најмногу го нервира се моите обиди да направам вежба. Тој мисли дека нешто ми се случува и се обидува да интервенира – вели Поло.

 

Во италијанскиот град Падова, една од првите општини што беше ставена под карантин, одгледувачот на кучиња Даниел Росато изјави дека додека неговите пет златни ритривери и нивните шест младенчиња првично биле одушевени што ненадејно го имаат него дома по цел ден, но исто така, оттогаш ја приметуваат неговата нервоза која се создавала, со зголемување на бројот на починати во земјата.

– Тие можат да почувствуваат дека сум загрижен и тоа ги прави вознемирени и склони да се борат меѓу себе – рече Росато.

Измените во веќе воспоставените рутини потреби ги доведоа во забуна кучињата откако настапи карантинот. 

– Порано, пред карантинот ги земав секоја вечер кога ќе излегував и сите седнувавме да јадеме кога ќе се вратев дома околу 21.30 или 22 часот. Сега сме заглавени дома, така што вечераме се порано, а недостатокот на постојаност е стресен за нив – вели тој.

Росато рече дека Буда, најстарото од неговите кучиња „полудува“ секогаш кога ќе ја напушти куќата за да купи намирници.