Медицинска сестра од Италија: Во оваа војна не можеме да се бориме со традиционално оружје

574

Медицинскиот персонал во Италија опишува огромен притисок, налик на оној од воени услови, во борбата за лечење на пациентите, пренесува „Гардијан“. Медицинска сестра од првите редови на фронтот против епидемијата во Италија го опиша своето искуство.

Лекарите и медицинските сестри работат деноноќно, додека земјата се обидува да го запре ширењето на вирусот кој досега однесе над 1.000 италијански животи.
Меѓу жртвите беше и 59-годишен лекар и близок пријател на Роберта Ре, медицинска сестра во болницата Пјаченца во регионот Емилија-Ромања, втор по бројот на случаи.

– Искуството е како во светска војна. Но, во оваа војна не може да се бориме со традиционално оружје зашто се уште не знаеме кој е непријателот и тешко да се бориме. Единствено треба да останеме дома и да ги почитуваме правилата за работите не станат уште полоши, односно да го направиме она што го направија во Кина, бидејќи тоа се исплати – објаснува Ре.