Загрозените африкански планински горили се под ризик од ковид-19?

35

Надлежните лица предупредуваат дека и африканските планински горили се под ризик од коронавирусот, како што заразата се шири низ светот, пренесува магазинот „Тајм“.

Националниот парк Конго Вирунга, во Уганда, кој претставува дом на околу една третина од светските планински горили, им забранува на влез на посетителите до 1 јуни, повикувајќи се на советите на научните експерти кои укажуваат дека приматите, вклучително и планинските горили, веројатно се подложни на компликации кои произлегуваат од вирусот ковид-19.

Соседната Руанда, исто така, привремено го затвора туристичките и истражувачките активности во три национални паркови кои се дом на примати, како што се горилата и шимпанзита.

Планинските горили се склони кон некои респираторни заболувања кои ги погодуваат луѓето. Една обична настинка може да убие горило, што е  една од причините зошто туристите не смеат да им се доближуваат.

Околу 1.000 планински горили живеат во заштитени области во Конго, Уганда и Руанда, за кои туризмот е важен извор на приходи. Поради ковид-19 донесени се рестриктивни мерки. Правилото за безбедно растојание од седум метри од горилата било прекршувано од туристи. Поради заштита на горилата од ковид-19 туристите во Конго, Уганда и Руанда  ќе мора да носат маски.