Дали повторно ќе се ракуваме?

348

Доктор Ентони Фаучи, раководител на Националниот институт за алергии и заразни болести на САД и врвен експерт за инфективни болеста, смета дека по пандемијата на коронавирус, сите ќе живеат многу повнимателно, објавуваат светските медиуми.

На пример, тој посочува дека дури и ритуалите како ракувањето веројатно треба да останат во минатото.

Пандемијата речиси сигурно ќе го смени начинот на живеење, рече Фаучи, говорејќи во вчерашната интернет-емисија на „Волстрит џурнал“.

– Мислам дека не треба да се ракуваме повторно. Не само што би било добро да се спречи коронавирусна болест, тоа веројатно ќе ги намали случаите на грип драматично во оваа земја – рекол Фаучи.

Тој не мисли дека луѓето веднаш ќе дејствуваат безгрижно и ќе ризикуваат идни инфекции откако ќе можат да излезат надвор. Наместо тоа Фаучи смета дека општеството ќе биде повнимателно и подобро подобро подготвено за можни слични појави во иднина.