Главната советничка за здравство на Шкотска не ги следеше сопствените совети

257

Главната советничка за здравство на шкотската влада, Кетрин Калдервуд, поднесе оставка откако беше откриено дека ги прекршила советите за ограничувања на движењето за време на епидемијата на коронавирус.

Калдервуд изрази „длабоко жалење“ во изјавата дадена доцна синоќа, а во која објави дека поднесува оставка по разговорите со премиерот на Шкотска.

„Јас не ги следев сопствените совети што им ги давав на другите“, рече Калдервуд пред новинарите. „Навистина жалам“, додаде таа.

Претходно, советничката призна дека два викенда по ред престојувала во викендичка во рурално подрачје на Шкотска на Источниот брег, наспроти сопствениот совет до Шкотите да останат во нивното живеалиште.

Нејзиното признание дојде откако „Сан“ објави нејзини фотографии во популарната туристичка дестинација Ерлсфери.