Како да се сетите на нешто, да го пронајдете вистинскиот збор или да обработите нови информации, се некои од долгорочните когнитивни тешкотии со кои се соочуваат луѓето кои имале коронавирус и стануваат сè почести отколку што се мислеше, покажува најнова студија.

Објавена во Соединетите Американски Држави, студијата покажува дека овие тешкотии се поприсутни кај поранешните пациенти кои биле хоспитализирани поради коронавирус отколку кај оние кои имале поблага форма на болеста и биле лекувани дома.

Студијата се базира на податоци од 740 пациенти регистрирани во американската болничка група „Маунт Синај“. Жените сочинуваат 63 отсто од учесниците во студијата. Пациентите имале најмногу потешкотии со проблемот да запомнат некои работи. Со ова се соочи секое четврто лице вклучено во студијата. Потоа следеше проблем со пронаоѓање на вистинскиот збор и побавна обработка на информациите.

Студијата опфатила само пациенти кои биле во контакт со медицинскиот персонал. Долгорочните когнитивни ефекти на коронавирусот се дел од серијата здравствени проблеми со кои треба да се справат луѓето кои имале Ковид-19.

Повеќе од 200 симптоми се поврзани со долгиот коронавирус, а има и многу други феномени кои тешко се разликуваат, како депресија и психосоматски нарушувања, велат научниците.