Фото: Маја Јаневска-Илиева

Папата Франциск повика вакцината против ковид-19 да биде универзална, да не биде достапна само за најбогатите земји, така што сите, па и најсиромашните, ќе можат да се излечат во оваа пандемија, пренесува Дојче веле.

 – Покрај сериозната состојба со пандемијата поради која веќе загинаа речиси милион луѓе, се случува и сериозна економска криза со сиромашни луѓе и семејства кои не знаат како да продолжат напред – изјави папата.

– Би било тажно ако со вакцината им биде даден приоритет на најбогатите или ако стане сопственост на оваа или онаа нација, а не за секого. Таа мора да биде универзална – додаде папата.

Папата Франциск жали што има народи ширум светот кои немаат пристап до одредени лекови и оцени дека таквата состојба создава неправда.